top project img

Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право

Проектот е финансиран од Европската Унија

Оваа веб страна е изработена со помош на Европската Унија. Содржините на оваа веб страна се единствена одговорност на партнерите кои го спроведуваат проектот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

ПРЕС

Како до безбедна и здрава работна средина


повеќе


Безбедност и здравје при работа


повеќе


Работен состанок за безбедност и здравје при работа


повеќе


Со новиот закон се зголемува безбедноста при работа


повеќе


Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во соработка со Сојузот на Синдикатите на Македонија како последна активност од проектот “Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право” финансиран од Европската Унија одржаНационална конференција за ,,Функционирање на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите” на ден 02.03.2017 година во хотел Мериот, со почеток во 10:00 часот.

Целта на националната конференција беше подигнување на свеста за придобивките од  бипартитниот дијалог во компаниите и улогата и профилот на претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа и да се отвори дискусија за мислењата и ставовите на сите засегнати страни за тоа како социјалните партнери, граѓанскиот сектор и државните институции преку своите активности ќе се залагаат за унапредување на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа.

На конференцијата говореа:

Милан Петковски, Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), Д-р Живко Митревски, Сојуз на Синдикатите на Македонија (ССМ), Ангел Димитров, Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ), Ленче Коцевска, Министерство за труд и социјална политика (МТСП), Проф д-р Елисавета Јасна Стикова, Медицински факултет - Скопје, Институт за јавно здравје (ИЈЗ), Аљајдин Хавзиу, Државен инспекторат за труд (ДИТ), Ана Шијаковиќ, Европско здружение на инженерите за безбедност, Цветан Ковач, Хравтска пошта Загреб, претставници од компаниите РЕК Битола и Рудник Бучим и Весна Ристовска, Македонско здружение за заштита при работа.

Свое учество на конференцијата имаа и 80 претставници од синдикатите, работодавачите, државните институции, стручните лица по БР, претставници од образовните институции и др.

Формирање на БЗР одбори и воспоставување на механизми кои функционираат во регионот со цел да се развие и унапреди дијалогот во земјата, постоење на консултативни тела во компаниите и субвенционирање на мерки од областа на БЗР во рамки на компаниите како и подигнување на нивото на значењето на претставникот на вработените и воспоставување и заживување на системот за евиденција на повреди, професионални заболувања и несреќи при работа се дел од препораките кои произлегоа од конференцијата.

Македонско здружение за заштита при работа

Проект ,,Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно Човеково Право”

konferencija web 1 konferencija web 2 konferencija web 3 konferencija web 6  konferencija web 10 konferencija web 9 konferencija web 8 konferencija web 11 konferencija web 12 konferencija web 13

Промоција на кампања ,,БЕЗБЕДНИ И ЗДРАВИ РАБОТНИ МЕСТА’’

Претставници на Македонското здружение за заштита при работа и Сојузот на Синдикатите на Македонија, како партнери во проектот “Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право“ финансиран од Европската Унија, на ден 08.03.2017 година гостуваа во утринската емисија на Тв Мега регионална телевизија од Битола. Целта на гостувањето беше промоција на видео спот во рамки на кампањата ,,БЕЗБЕДНИ И ЗДРАВИ РАБОТНИ МЕСТА’’ чиј фокус е подигнување на свеста на јавноста со посебен акцент на работниците и работодавачите за основното човеково право – правото за безбедни и здрави работни места.

golem baner konferencija

 

„Македонското здружение за заштита при работа” во соработка со „Сојузот на Синдикатите на Македонија” во рамките на проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право” Ве покануваат да земете учество на национална конференција за „Функционирање на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите”, која ќе се одржи на ден 02.03.2017 година во хотел Мериот, со почеток во 10:00 часот.

Целта на националната конференција е да се подигне свеста за придобивките од бипартитниот дијалог во компаниите и улогата и профилот на претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа и да се отвори дискусија за мислењата и ставовите на сите засегнати страни за тоа како социјалните партнери, граѓанскиот сектор и државните институции преку своите активности ќе се залагаат за унапредување на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа.

На конференцијата се поканети да присуствуваат 80 учесници од страна на државните институции, социјалните партнери, граѓански организации, работодавачи, синдикални организации, претставници на вработените, стручни лица по безбедност при работа, образовни институции, медиуми, претставници од релевантни сектори, експерти од регионот и други засегнати чинители.

Ве молиме учеството да го пријавите и потврдите најдоцна до 28.02.2017 година на kontakt.cso-osh@mzzpr.org.mk

Бројот на учесници е ограничен.

Во прилог Покана со Агенда за настанот.

Покана_-_Национална_конференција.pdf